Влезот на кошаркарски клуб од Дубаи во АБА лигата е одложен на неодредено време откако против тоа гласаа 11. клубови-акционери во регионалното натпреварување.
Претставниците на Дубаи на седницата на Собранието во Загреб одржале опширна и обемна презентација која траела подолго од еден час. Во неа детално претставиле што треба да донесе нивниот влез во АБА лигата од спортски и финансиски аспект.
Понудата за влез, наводно, изнесувала 1,5 милиони евра и таа сума требало да ја поделат учесниците во АБА лигата што во конечниот збир не е сериозна финансиска инјекција. Поради тоа, клубовите од регионот побарале од Арапите идната недела да излезат со нова понуда и тоа не каква било, туку барем три пати поголема.
Тогаш треба да биде донесена конечната одлука за влез на новоформиран клуб во регионалното натпреварување.


