Екипата на Гостивар оствари исклучително битна победа во борбата за опстанок, совладувајќи го Вардар на домашен терен со 101-75.
Тоа е втор натпревар за гостиварци оваа сезона на кој ја надминаа бројката од 100 поени откако истото го направија и против Охрид. Нивната победа во ниеден момент не беше доведена во прашање, а во текот на мечот водеа и со 37 поени разлика.
Вардар беше рамноправен само во првите седум минути кога резултатот беше 17-14. Гостивар потоа направи серија од 12-0 за водство од 15 разлика. Веќе на полувреме беше 52-31, а по уште една низа, сега од 14-0, Гостивар отиде на огромни 67-33. Највисоките37 (93-56) ги достигна на средината од последната четвртина.
Слејтер со 30 поени го предводеше Гостивар, Вилијамс додаде 19, а Инграм 16. Митков и Хот беа најефикасни кај Вардар со по 17 поени со тоа што вториот оствари и 10 скока.


