Ден по освојувањето на бронзениот медал на Европското првенство, семејството на Јанис Адетокунбо преку неговата сопруга добило страшни закани на Инстаграм.
Еден Турчин во приватна порака и се заканил на Мараја Ридлспирг, без апсолутно никаква причина за тоа, со оглед на фактот што нејзиниот сопруг се однесуваше максимално професионално во текот на целото првенство.

„Ќе ви го убиеме цело семејство. Ќе бидеш во страв каде и да одиш“ ѝ напишал извесен Хасан Кучук на сопругата на Јанис.
Таа, очигледно не се исплашила од тоа, туку го објавила јавно на Инстаграм и му испратила порака пред цел свет.
„Бидејќи сакаш да ме контактираш приватно, јас сега ќе му кажам на цел свет кој си. Ѝ честитам на турската репрезентација, имате одличен тим, но вакво однесување е неприфатливо. Се надевам дека оние кои оставаат вакви коментираи и испраќаат одвратни пораки се горди на себе“, напиша Мараја.


