Српскиот и АБА шампион Партизан продолжи со очајните резултато и вечерва го претрпе седмиот пораз по ред во Евролигата откако вечерва на домашен терен загуби од Олимпијакос со 66-104.
Седумте порази кои ги доживеа белградскиот тим од средината на минатиот месец беа со двоцифрена разлика, но на домашен терен ниеднаш не загуби со 38 поени. Тоа го остава Партизан на последното место на табелата, со никакви шанси да стигне до пост-сезоната.
Вечерва победникот беше решен во втората и третата четвртина кои грчкиот шампион ги доби со вкупно со 59-26. Партизан во ниеден момент не беше конкурентен и на крајот заслужено доживеа убедлив пораз иако можеби има изговор во тоа што на овој меч не беше во комплетен состав.
Тимот на Олимпијакос со победата привремено се искачи на шестото место, но пласманот му зависи од исходот на другите натпревари во ова коло.


