Првпат во својата историја, екипата на Студентски центар го освои трофејот во Купот на Црна Гора.
Во денешното финале, Студентски центар го совлада најуспешниот црногорски клуб Будуќност со 81-80 по продолжение и тоа е втор пехар за оваа екипа сезонава, по оној во Суперкупот од АБА лигата. Освен тоа, само вторпат од осамостојувањето на Црна Гора, Будуќност не успева да го освои Купот, по 2013 година кога загуби од Сутјеска, а завршниот турнир, како и сега, се одржа во Тиват.
Финишот од основниот дел од мечот беше мошне интересен. Будуќност водеше со 70-63 на нешто повеќе од две минути пред крајот, на 10 секунди пред крајот беше досуден неспортски прекршок Баќовиќ при резултат 70-65, а во следниот напад и лична грешка на Капуста врз Рајт при шут за три поени. Играчите и членовите на Будуќност жестоко реагираа на овие судиски одлуки, но попусто.
И во дополнителните пет минути Будуќност водеше со 80-76, но херој на Студентски центар беше Матео Дрежњак кој во продолжението постигна девет од вкупно 11 поени на својот тим. Токму Дрежњак беше прогласен за МВП на завршниот турнир.


