Шестиот српски претставник во елитната дивизија од АБА идната сезона ќе биде екипата на Спартак која денеска ја освои титулата во АБА 2.
И во вториот меч од финалето, сега на домашен терен, тимот од Суботица ја совлада Војводина, со 80-74 и првпат во својата историја обезбеди пласман во првиот ранг на регионалното натпреварување. Со тоа е исполнета основната цел на проектот кој почна пред три години.
Војводина имаше шанса за пресврт во финишот, се доближи на 74-75, но не го искористи клучниот напад и по вторпат е поразена од својот локален ривал. Така, Спартак идната сезона ќе игра во првата АБА лига, како шести тим од Србија, заедно со Партизан, Црвена Звезда, ФМП, Мега и Борац.


