Два дена по завршувањето на сезоната, турскиот стручњак Ергин Атаман доби отказ од тренерската позиција во Панатинаикос на која беше претходните три години.
Официјално, разделбата е спогодбена, но јасно е дека атинскиот гигант не беше задоволен од работата, а особено од резултатите на тимот оваа сезона во која беше освоен само Купот на Грција, а се очекуваше многу повеќе. Кампањата е дополнително неуспешно бидејќи трофеите во домашното првенство и во Евролигата ги освои најголемиот ривал Олимпијакос.
Атаман го презеде Панатинаикос во летото 2023 година како дел од амбициозен тригодишен проект за целосна обнова на клубот, а резултатите дојдоа многу брзо. Веќе во првата сезона ја освои Евролигата, подоцна уште еднаш се пласира на Ф4, а ја освои и титулата во грчкото првенство и уште два национални купа.
Thank you, Ergin! #paobcaktor pic.twitter.com/FDXTWaMicV
— Panathinaikos BC (@Paobcgr) June 15, 2026
Сепак, сезоната 2025/26 се сметаше за големо разочарување. Панатинаикос не успеа да се квалификува за Ф4 на Евролигата, а резултатите што се очекуваа од тим составен за самиот врв на европската кошарка исто така беа незадоволителни. Атаман претходно посочи дека нема да остане во Атина ако тимот не успее да ги освои најголемите трофеи, па разделбата стана реална опција на крајот од сезоната.
И покрај ова, односот меѓу него и Јанакопулос остана добар, поради што одлуката била донесена во пријателска атмосфера, според грчките медиуми. Панатинаикос се збогува со трофејниот тренер со емотивно видео, потсетувајќи се на сите успеси што ги донесе во клубот, вклучувајќи ја и седмата титула на Европското првенство.


