Италијанскиот шампион Виртус официјално го потврди заминувањето на тренерот Душко Ивановиќ, по серијата лоши резултати во Евролигата.
Клубот од Болоња одлучи да направи промена на клупата по падот на формата во овој период од сезоната, а соработката со искусниот стручњак заврши пред истекот на неговиот договор. Заедно со Ивановиќ, тимот го напушта и помошникот тренер Ненад Трајковиќ, што значи дека тренерскиот штаб претрпе целосна реконструкција.
Ивановиќ го презеде тимот минатата сезона, кога го наследи Лука Банки на клупата, а потоа во текот на летото доби едногодишно продолжување на соработката. Под негово водство Виртус ја освои шампионската титула во Лега А, добро ја почна и тековната сезона и долго време беше во конкуренција за место во плејофот од Евролигата, но на крајот имаше голем пад. Во последните десет натпревари во Евролигата, тимот забележа само две победи, што на крајот ја реши судбината на тренерот.
Се очекува клубот наскоро да именува ново решение на клупата во обид да го стабилизира тимот во последниот дел од натпреварувачката година. Во меѓувреме, Ненад Јаковљевиќ ќе ја вршу функцијата главен тренер. Нему ќе му помагаат Даниеле Паренте и Кристијан Федриго, кои ќе формираат нов тренерски тим со задача да го стабилизираат тимот и да се обидат да го свртат текот на сезоната.


