Шпанскиот гигант Барселона вчера одигра подготвителен натпревар против Жирона, а вниманието на сите беше насочено на дебитантот во редовите на „блауграна“, Мохамед Дабоне.
Станува збор за 13-годишен играч (на 21 октомври ќе наполни 14), висок 210 сантиметри кој летово беше приклучен на првиот тим на Барса. Роден е во Буркина Фасо во 2011 година, но миатата година блескаше на јуниорската Евролига каде, поради стилот на игра, го споредија со Јанис Адетокунбо. Дабоне е стандарден во У16 селекцијата на Барселона каде исто така доминира и покрај тоа што е три години помлад од своите соиграчи.
😳 Mohamed Dabone (13 años), debutando y machacando con el Barça pic.twitter.com/t4sYgFcugK
— Eurohoops España (@EurohoopsES) September 12, 2025
Интересно е тоа што во Барселона планираа уште лани да го вклучат Дабоне во првиот тим, но тогаш се испречија бирократски проблеми. Сепак, од големиот интерес, јасно е дека не е туку-така во сениорската екипа, туку на него сериозно ќе се смета во иднина. Ако добие шанса во АЦБ лигата претстојната сезона, Дабоне ќе го собори рекордот на Басала Багајоко кој со 14 години и 7 месеци дебитираше за Фуенлабрада. Во Македонија беше забележан случајот со Никола Гајдаџиев кој на 10 години заигра и постигна поени во Првата лига, но во европската елита никогаш не се случило 13-годишник да заигра во најсилна конкуренција, особено не во Евролигата.
Што се однесува до вчерашниот меч, Барселона победи со 88-77, Дабоне помина на теренот 10 минути и постигна четири поени и три скока, а се истакна и со едно атрактивно забување.


