По пауза од шест недели, полека се приближува денот кога Лука Дончиќ ќе се врати на кошаркарските терени, само што тоа нема да биде во дресот во кој се повреди, туку во сосема нова униформа.
Од неделата тој е играч на Лос Анџелес Лејкерс каде пристигна во еден од најлудите трејдови во НБА последните фодини, а со оглед на тоа што рехабилитацијата му е во завршна фаза, се ближи денот кога ќе дебитира за новиот тим. Тренерот на тимот од Калифорнија, Џеј Џеј Редик синоќа објави кога може да се очекува првиот меч на Дончиќ за Лејкерс.
„Најверојатно ќе дебитира в понеделник. Не е 100% сигурно, но се наведува на таков заклучок. Се надевам на потврда следните денови бидејќи сите со нетрпение очекуваме да го видиме во дресот на Лејкерс“, рече Редик.
Ноќта меѓу понеделник и вторник Лејкерс на домашен терен играат со Јута Џез и тоа е добра можност на дело да се види како ќе функционира новиот пеколен тандем на 17-кратниот шампион на НБА, Леброн-Лука.


