Актулниот планетарен првак Германија имаше силен старт на Европското првенство кое почна денеска.
Во својот натпревар, иако без селекторот на клупата, Германците ја прегазија Црна Гора со 106-76 и станаа прва селекција што ја проби границата од 100 поени на шампионатот. Воедно ја оправдаа фаворитската улога против репрезентацијата што ќе води грчевита борба за пласман во нокаут фазата.
Црна Гора можеби и не заслужи така убедливо пораз бидејќи добро се држеше во првото полувреме во кое и водеше со четири разлика, а на голем одмор замина со негатива од три поени (43-46). Колапсот дојде во третиот период кој Германците го добија со 33-12 и конечно го скршија отпорот на противникот.
НБА тандемот Франц Вагнер-Денис Шредер ја предводеше германската репрезентација, првиот со 22, а вториот со 21 поен со тоа што им се придружи и Андреас Обст со 18 поени. Кај Црна Гора, убедливо најдобар беше кошаркарот на Чикаго Булс, Никола Вучевиќ кој оствари дабл дабл со 23 поени и 10 скока за индекс 30.


