Можеби најдобар играч на ТФТ последниот месец е репрезентативниот плејмејкер Виктор Ташовски кој буквално блесна минатата недела, на дуелите со Сутјеска и МЗТ Скопје.
Токму затоа од него многу се очекува и денеска, на дуелот со Широки, прв од финалната серија во АБА 2 лигата. Ташовски е свесен дека нема да биде нималку лесно, но очекува да се повторат изданијата од двата меча со Сутјеска.
„Не очекува тежок натпревар на гости како за почеток од финалната серија. Широки е одличен тим и игра одлична кошарка. Ќе се потрудиме да го крунисаме финалето со титула и пласман во АБА лиигата. Очекувам интересно и возбудливо финале и нека победи подобриот“, рече Ташовски.
Првиот финален меч се игра вечерва на теренот на Широки, а вториот е идната недела во Скопје.


