Со оглед на тоа што натпреварот немаше никакво резултатско значење, ТФТ и Кожув одиграа ревијален натпревар во Гевгелија и со него официјално ставија крај на лигашкиот дел во македонската Суперлига.
Славеше Кожув со 91-79, користејќи ја со тоа незаинтересираноста на гостинската екипа која само формално го одигра натпреварот. Поштеда добија сите странски играчи, а на теренот се појавија само седуммина кошаркари. Гевгеличани ја имаа контролата над резултатот во најголемиот дел од мечот и стигнаа до победата со што се простија од своите навивачи и од утре заминуваат на одмор.
Бојчев со 16 поени беше најефикасен, Василевски постигна 15 против својот поранешен клуб, а се истаккна и Кузманов со девет поени и 18 скока.
Кај ТФТ, најефикасен беше Ташовски со 24 поени, Стојанов постигна 19, а Стојаноски 17 поени со 13 скока.


