Еден од највозрасните активни српски кошаркари Милош Теодосиќ го продолжи договорот со Црвена Звезда на уште една сезона.
Продолжувањето на соработката го потврди клубот преку социјалните мрежи, а со тоа ги израдува навивачите чиј миленик е 37-годишниот плејмејкер. Постоеја информации дека летово Теодосиќ би можел да ја смени средината, но тоа сепак нема да се случи.
Ветеранот дојде во Звезда минатата година од Виртус и со белградскиот тим ја освои тројната круна во сезоната 2023/24.


