Претседателот на италијанскиот второлигаш Трапани, Валери Трапани ги вознемири навивачите на Црвена Звезда откако меѓу редови најави дека преговара со Милош Теодосиќ.
Тој не го спомна српскиот кошаркарски ас, но во интервју за Кориере дело спорт рекол дека клубот преговара со „Србин кој во моментов игра во својата татковина, а порано настапувал во Италија“.
„Дали станува збор за Милош Теодосиќ?“, прашал новинарот.
„Тоа вие го рековте. Верувам дека вие новинарите веќе имате информации за тоа“, загадочен останал првиот човек на Трапани.
Теодосиќ има договор со Црвена Звезда до крајот на оваа сезона, а веројатно потоа ќе се знае каде ќе игра догодина. Трапани е амбициозен второлигаш и во моментов се наоѓа на првото место во „Зелената група“ од Втората лига на Италија со биланс 21/1.


