Играчите на Фенербахче, Тарик Биберовиќ и Анадолу Ефес, Илајџа Брајант добија суспензии по меѓусебната тепачка во второто коло од Евролигата.
Дисциплинската комисија на елитното кошаркарско натпреварување им изрече казна од еден меч неиграње, па Биберовиќ нема да настапи против Црвена Звезда, а Брајант ќе го прескокне дуелот со Макаби. Освен тоа, играчот на Фенербахче ќе плати 5.000, а на Ефес 10.000 евра.
Интересно е тоа што е казнет и извесен Сертач Комшуглу кој се води како претставник на Фенербахче, а кој поради непочитување кон судиите, ќе мора да плати 4.000 евра.


