Дисциплинскиот судија на АБА, Хрвоје Видан денеска им изрече суспензија од три меча на играчите на Партизан и Црвена Звезда, Џејмс Нанели и Стефан Лазаревиќ поради тепачката во пресрет на третиот натпревар од финалната серија.
Покрај тоа, двајцата се казнети со по 20 илјади евра, а Партизан со дополнителни 21.500 евра поради лоша организација на спомнатиот натпревар против Звезда. До тепачката дојде меѓу тренинзите на двете екипи, а од она што беше јавно изнесено, подебелиот крај го извлече Лазаревиќ кој доживеа исеченица под едното око.
Звезда на тој натпревар славеше со 82-76 и со вкупни 3-0 ја освои шампионската титула во АБА лигата.


