Инцидентот со Стефан Лазаревиќ од Црвена Звезда, пред крајот на минатата сезона, скапо го чинеше Џејмс Нанели бидејќи поради тоа не доби нов договор со Партизан, но тој очигледно не бил единствен конфликт во кој учествувал Американецот.
Откако влезе во вербална војна со претседателот Остоја Мијаиловиќ, очигледно проработела медиумската машинерија на првиот човек на Партизан, па експресно е откриено дека Нанели имал физички дуел и на натпреварот против Олимпијакос во Белград. Секако, познато е и името на кошаркарот кого Нанели го нападнал, станува збор за Јанулис Ларенѕакис кому Американецот, наводно, му удрил шлаканица во поттрбинскиот простор.
Српските медиуми открија дека Нанели беснеел и по петтиот натпревар од фамозната четвртфинална серија против Реал во Мадрид кога на новинарите им се заканувал дека ќе им ги скрши телефоните.
Интересно е тоа што сето ова е објавено со големо задоцнување, односно откако Нанели јавно ги прозва Партизан и претседателот Мијаиловиќ дека никој не го контактирал за продолжување на договорот и дека му доцнела исплатата на плати додека играл за белградскиот клуб.


