Тренерот на Сан Антонио Спарс, Грег Попович долго време нема да го води својот тим, а некои прогнози велат дека натпреварите на почетокот од новата сезона би можеле да бидат последни за него во кариерата.
Американските медиуми тврдат дека здравствената состојба на 75-годишниот стручњак во моментов е мошне лоша иако од франшизата од Тексас нема официјална информација за што се работи. Попович не беше на клупата на натпреварите против Минесота и Лос Анџелес Клиперс, а никој не кажува колку точно би бил надвор од тимот.
Во моментов главна цел за него е да заздрави, а за враќање на тренерската работа воопшто не размислува. Тој е тренер со најдолг стаж во моментов во НБА, имајќи предвид дека Сан Антонио го води од 1996 година, а го има и вториот највисок договор меѓу тренерите со годишна плата од 16 милиони долари.


