Дуелот што требаше да биде дерби на 15. коло од Евролигата поради тоа што се сретнаа вториот и третиот на табелата, се претвори во еднонасочна улица и тежок дебакл на домашниот тим.
Фенербахче доживеа еден од најтешките порази пред своите навивачи во историјата откако загуби од Монако со 69-99. Првото полувреме и личеше на нешто бидејќи предноста на францускиот првак по 20 минути изнесуваше само пет разлика (43-38), но во вториот дел тотална доминација на Монако кој буквално го размонтира Фенербахче.
Со неколку мали серии Монако констатно ја зголемуваше предноста за во финишот од натпреварот да го прегази својот ривал. Тренерот на Монако, Василис Спанулис му одржа лекција на својот пријател и поранешен соиграч од Панатинаикос, Шарунас Јасикевичиус и покрај тоа што Литванецот има многу подолг стаж и искуство во елитната кошарка.
Со овој триумф, Монако му ја продолжи кризата на Фенербахче кој во последните четири кола има само една победа. Двете екипи сега се со биланс 10/5, во очекување на утрешниот натпревар на лидерот Париз против Асвел.


