Плејмејкерот на Црвена Звезда, Јаго дос Сантос има повреди на главата по синоќешниот натпревар против Макаби.
На две минути пред крајот на мечот, Бразилецот доби силен удар во главата од противничкиот кошаркар Бонзи Колсон. Од ударот заврши на подот и откако му беше укажана лекарска помош, со помош на членовите на медицинскиот тим го напушти теренот, замина во соблекувална и потоа в болница, каде и ја поминал ноќта.
„По итно спроведената дијагностика и прегледите од специјалисти, Јаго дос Сантос е задржан в болница на опсервација во текот на ноќта. Ваков тип повреди обично бара оперативно лечење кое е во фаза на разгледување“, пишува, меѓу другото, во соопоштението од Црвена Звезда.
Според дијагнозата, Јаго дос Сантос има фрактура на предниот ѕид на фронталниот синус и полесен потрес на мозокот.


