Реал Мадрид го обезбеди првото место пред плејофот од домашното првенство, но ако се земат предвид последните резултати и целокупната ситуација во тимот, нема многу простор за оптимизам.
Денеска, европскиот вицешампион загуби на гостувањето ккај Манреса со 87-94 и тоа е петти пораз по ред за него во АЦБ лигата и шести на последните седум меча во сите натпреварувања. Единствената победа во последните 20-тина дена, Реал ја оствари во полуфиналето од Еврологата против Валенсија кога славеше со 105-90.
Претходно му беше обезбедено првото место, па немаше многу причини за вознемирување, но ако станува збор за пад во формата, тоа ќе биде голем проблем. Екипата остана без центар откако се повредија Таварес, Лен и Гаруба, па дополнително беше ангажиран Омер Јурцевен кој дебитираше денеска.
Во шпанското првенство има неколку екипи кои се во далеку подобра форма од Реал во моментов, Басконија, Барселона и Хувентут се во серии од по пет победи, но вистинската сила на секој од нив ќе се види во претстојниот плејоф.


