Екипата на ТФТ ја оствари четвртата победа во низа откако денеска славеше на гостувањето кај Гостивар со 91-77.
Тимот од Тафтаалиџе се уште е непоразен во новата година, а триумфот на денешниот меч е 11. за него оваа сезона. До него дојде најлесно од кога било досега кога станува збор за дуелите со вечерашниот противник.

Многу работи беа познати по првата четвртина која ТФТ ја доби со 28-13, за пред крајот на полувремето да ги достигне највисоките +21 (41-20). Во третиот период Гостивар намали н 39-48, но тоа беше најмногу што успеа са се доближи до својот ривал на овој натпревар.
Страхил Николов со 24 поени и 9 скока беше најдобар играч на ТФТ, Зафиров додаде 19 со пет тројки, а Крстевски 16 со 8 скока. Во тимот на Гостивар, Инграм и Вилијамс постигнаа две третини од поените (52 од 77), но не добија помош од останатите играчи.


