Вицешампионот на Македонија, ТФТ ги пушти во продажба билетите за претстојниот натпревар против Широки, во финалето од АБА 2 лигата.
Нашиот претставник има негатива во финалната серија откако минатата недела загуби на гостински терен, па в среда ќе се обиде пред своите навивачи, кои ги има во се поголем број, да израмни на 1-1. Билетите за натпреварот се веќе пуштени во онлајн продажба и сите заинтерсирани можат да ги набават.
„ТФТ заслужува полна сала“, порача клубот од Тафталиџе кој ќе се обиде да стане првиот македонски клуб што освоил титула во АБА 2 лигата откако претходно МЗТ Скопје два пати загуби во финалето.
Билетите можат да се купат на овој ЛИНК.


