Поранешниот освојувач на Купот на Македонија, ТФТ доживеа уште еден убедлив пораз на АБА 2 турнирот во Широки Бријег откако вечерва загуби од фаворитот Војводина со 50-72.
Иако голем дел од играчите на српскиот тим вчера примија инфузија бидејќи поради труење, сепак одиграа на високо ниво и без поголеми проблеми дојдоа до триумфот. ТФТ беше конкурентен во првата четвртина, но во втората и третата постигна вкупно 15 поени што придонесе Војводина да дојде до предност од 27 разлика.
Единствен со двоцифрен број поени (10) во тимот на ТФТ беше Верц. Војводина доминираше во скок играта (46/26), а ТФТ успеа да погоди само четири тројки од 26 обиди.
За ТФТ останува само уште дуелот со Шибенка кој одлучува кој ќе заврши на последното место во АБА 2 лигата оваа сезона.


