Лидерот на табелата во македонската Суперлига, ТФТ првпат во својата историја ќе учествува во плејофот од АБА 2 лигата, а денеска го доби својот противник во четвртфиналето од регионалното натпреварување.
Се зависеше од исходот на мечот меѓу Широки и МЗТ Скопје, босанскиот тим славеше и го освои првото место во лигашкиот дел, додека ТФТ заврши на седмата позиција. Како резултат на тоа, нашиот претставник во четвртфиналето ќе се сретне со еден од најсилните тимови во АБА 2 лигата години наназад, Златибор, меѓу другото и освојувач на титулата во ова натпреварување во 2023 година.
Златибор ќе ја има предноста на домашниот тим терен, а се игра до две победи. Првиот меч се игра веќе на 17 март, на теренот на Златибор. Српскиот тим оваа сезона се сретна со МЗТ Скопје и го победи пред своите навивачи со 102-74.
Што се однесува до тимот од Аеродром, сезоната ја завршува на десеттото место што секако не е во согласност со амбициите од пред нејзиниот почеток.
ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕТО
Широки – Јахорина
Златибор – ТФТ
Сутјеска – Слобода
Војводина – Хелиос


