ТФТ Скопје утре од 17 часот по средноевропско време ќе го одигра првиот пријателски натпревар во рамките на подготовките за новата сезона, а пред себе има исклучително атрактивен предизвик – гостување во Солун кај ПАОК.
Македонскиот тим ќе има чест да биде првиот противник на грчкиот клуб во сезоната во која ПАОК одбележува голем јубилеј – 100 години од своето постоење. За ТФТ ова ќе биде одлична можност уште на стартот од подготовките да измери сили со сериозен противник и да добие увид во формата на екипата. Финалистот во АБА 2 пред четири дена почна со подготовките и јасно е дека е далеку од посакуваниот ритам, но не се пропушта дуел со реномиран ривал кој има големи амбиции за претстојната сезона и ќе брка титула во Еврокупот.
ПАОК е предводен од искусниот стратег Андреа Тринкиери, тренер со богато европско искуство За ТФТ, натпреварот во Солун претставува продолжение на планот за подготовка на тимот за новата сезона, но воедно и големо признание од страна на грчкиот клуб.
Од скопскиот тим упатија благодарност до своите пријатели од ПАОК за поканата и за честа да бидат дел од прославата на големиот јубилеј.


