Екипата на ТФТ повторно е со двајца македонски репрезентативци во своите редови и покрај тоа што во петокот потпиша со еден од најперспективните домашни кошаркари Теодор Симиќ.
Од тимот си замина Адем Мекиќ кој кариерата ќе ја продолжи во косовското првенство, во тимот на Бора. Тоа ќе биде негово ново интернационално искуство откако претходните две сезони ги помина во романскиот Темишвар и хрватскиот Задар.
Оваа сезона Мекиќ ја почна во ТФТ за кого одигра пет натпревари во првенството со солиден ефект од 13,2 поени и 5 скока со просеченб индекс 16, втор највисок во тимот.


