Откако официјално беше потврден списокот на екипи кои ќе учествуваат во АБА 2 лигата претстојната сезона, денеска е утврден и распоредот на натпревари во регионалното натпреварување.
Од оваа кампања ќе се игра со изменет систем, по принципот на Лигата на шампионите во фудбал, секоја екипа добива осум противници со кои се среќава само еднаш. Македонија ќе има два претставника и тоа шампионот МЗТ Скопје и вицепрвакот ТФТ.
МЗТ за противници ги доби Вршац, Сутјеска, Студент, Јахорина, Златибор, Војводина, Подгорица и Широки, додека ТФТ ќе се сретне со Цибона, Војводина, Домжале, Широки, Борац, Слобода, Студент и Јахорина.
Интересно е тоа што новата сезона ТФТ ќе ја почне во Загреб, против поранешниот европски шампион Цибона, додека МЗТ во „Јане Сандански“ ќе го пречека Вршац.


