Откако вчера загуби од шампионот Рилски спортист, ТФТ денеска го победу вицепрвакот на Бугарија, Балкан на вториот натпревар од мини-турнејата кај нашиот источен сосед.
Иако ослабен, поранешниот освојувач на Купот на Македонија одигра извонреден натпревар и славеше со 80-72. До 15. минута беше израмнето (31-31), а потоа почна доминацијата на ТФТ. Со серија од 28-9, нашиот тим дојде до убедливо водство од 59-40, Балкан успеа да намали на -6 на пет минути пред крајот (62-68), но не и да го комплетира пресвртот.
ТФТ доминираше во скокот, освои 13 топки повеќе од противникот (45/32) и дозволи само еден офанзивен скок на Балкан. Џејлен Гафни беше најефикасен со 2 2 поена, Зафиров додаде 13 со 8 скока, а двоцифрени беа уште Николов, Стојаноски и Гринли.


