По освоениот Куп на Македонија во 2022 година и пласманот во финалето од плејофот минатата сезона, ТФТ има шанса повторно да дојде до голем подвиг.
Со победа денеска против Тиквеш, тимот од Тафталиџе ќе го запечати својот пласман на првото место на крајот од годината што ќе биде втор таков случај по ред откако и 2024 година ја заврши како лидер. Поради тоа, но и затоа што се ближи крајот на годината, ТФТ планира забава попладнево во Кале на која ги кани сите навивачи и љубители на кошарката.
„Ова не е само уште една натпревар. Ова е последниот натпревар за оваа година и можност, со победа, да заокружиме една успешна сезона и да станеме есенски шампиони. Денеска во 17:00 часот во СРЦ Кале, TFT vs Тиквеш е повеќе од спорт – тоа е момент кога сме заедно, на трибините и на теренот.
На полувреме, Дедо Мраз ќе дели подароци за најмалите навивачи, затоа што кошарката е и радост, и спомени, и насмевки. Влезот е бесплатен, а вашата поддршка ни значи повеќе од сè. Ајде да ја затвориме годината со срце и со победа“, објави ТФТ.
Забавите во организација на ТФТ не се новина бидејќи клубот ја користи секоја можност за дружба со навивачите и пријателите. Така беше и во плејофот минатата сезона во кој ТФТ првпат играше во финалето.


