Македонскиот прволигаш ТФТ доживеа пораз во првиот од двата теста во соседна Бугарија, против Рилски Спортист.
На дуелот во Самоков, актуелниот бугарски шампион славеше со 92-64 во меч во кој доминираше во текот на сите 40 минути. Тома Стојаноски со 15 поени беше најефикасен кај ТФТ, Гринли постигна 14, а Николов 10. Треба да се истакне дека нашиот тим не беше комплетен бидејќи летното засилување Мехи Лонг е повреден и најверојатно ќе го пропушти стартот на сезоната, а неговата замена Говенс не отпатува за Бугарија.
Во противничката екипа, најефикасни беа поранешните играчи на Работнички и Пелистер, Чавдар Костов и Јуре Планиниќ со по 15 поени.
ТФТ останува во Бугарија уште еден ден и утре ќе му гостува на шампионот на нашиот источен сосед од 2023 година, Балкан.


