Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс апсолутно заслужено го освои признанието за најкорисен играч во овогодишното издание од Еврокупот.
Кошаркарот на Париз беше прогоасен за МВП и на основниот дел од сезоната и на плејофот, а до овие награди стигна на доминантен начин. Во текот на кампањата, тој оствари просечен индекс 23,4 што е нов рекорд во оваа статистичка категорија. Досегашниот го држеше Мајкл Рајт и тој изнесуваше 22,8.
Во текот на сезоната, Шортс дури шест пати беше прогласуван за играч на колото, вклучувајќи ги нокаут фазите. Три пати го добиваше признанието во лигашкиот дел, а потоа беше МВП на четвртфиналето, полуфиналето и финалето.


