Првата ѕвезда на Мајами Хит, Џими Батлер повторно доби суспензија од својот тим откако го испушти летот на неговиот тим за Милвоки.
Неговиот план бил сам да патува за Висконсин и таму да му се придружи на тимот, практика која, како што тврдат американските медиуми, ја имал и порано. Сепак, тоа повеќе не се толерира, на барање на Пет Рајли кој е во отворена војна со ветеранот откако Батлер изјави дека не е среќен во Мајами и побара трејд.
Сега тој е суспендиран на два натпревара по неодамнешната казна од седум меча поради која загуби 2,3 милиони долари. Очигледно, се поблиску е денот кога двете страни ќе се разделат, а Батлер ќе ја продолжи кариерата на друго место.
Како негова најверојатна дестинација се спомнува Феникс кој по трејдот со Јута доби три пика во првата рунда на драфтот и најверојатно ќе ги искористи нив за да го донесе Батлер во Аризона.


