Собранието на АБА денеска изгласа прием на кошаркарски клуб од Дубаи во оваа организација, но тоа, сепак, не значи дека е завршена процедурата, екипа од од овој град идната сезона да настапува во регионалното натпреварување.
За да се случи тоа, потребно е да се трансформира лигата и да се овозможи нејзино проширување, а тоа да го аминуваат сите клубови-сопственици на АБА. Во моментов, против тоа е Партизан кој и гласаше така на денешниот состанок и бранителот на титулата го проблематизираат учеството на Дубаи во АБА. На денешниот состанок не присуствуваа ни претставници на Будуќност, но нивната причина е од сосема друга природа.
Партизан попладнево излезе со соопштение дека не се согласува со начинот на кој е примен Дубаи во АБА бидејќи не е запазена процедурата за тоа. Од клубот наведуваат дека не е извршена реформа на лигата и дека тоа требаше да се направи пред гласањето за прием.
Сето ова треба да се заврши до 30 јуни што значи дека во следните три месеци ќе се преговара и ќе се бара решение за статусот на Дубаи во АБА.


