Работнички повторно го добива препознатливиот победнички ритам, а почетокот на новата сезона отвора интересна историска споредба.
Првпат по пет години, скопскиот клуб стартувал со три победи во првите три кола на македонското првенство. Последниот пат тоа се случи во сезоната 2021/22, кога тренер на тимот беше Тони Симиќ. Пет години подоцна, Владимир Мирковски го повтори тоа достигнување и потврди дека Работнички повторно може да биде сериозен фактор во домашната конкуренција.
Во октомври 2021 година, под водство на Тони Симиќ, Работнички ја отвори сезоната со три победи во три натпревари. На премиерата славеше против МЗТ Скопје 2 со 85-78во второто коло го совлада Феникс со 94-90 по продолжение, а во третото и Ангели со 86-69.
Серијата заврши во четвртиот круг, кога Гостивар го совлада Работнички со убедливи 91-65, нанесувајќи му го првиот пораз во првенството.
Токму затоа стартот на Мирковски има особена тежина и можеби најавува крај на еден исклучително мрачен и тежок период на 15-кратниот шампион на Македонија. Работнички во првото коло ја совлада Струмица со 92-85, во второто славеше против Тиквеш со 86-70, а вечерва беше подобар од Пелистер со 91-87. Евентуален триумф и во четвртиот круг, против МКК Куманово идниот викенд на домашен терен дополнително ќе ги разгори амбициите на клубот од Градски парк и неговите навивачи.


