По пет години поминати во холандскииот Цволе и неколку дена откако со тој клуб ја освои шампионската титула во холандското првенство, поранешниот селектор на македонската репрезентација Александар Тодоров е пред нов предизвик.
Од денеска, тој е генерален менаџер на романскиот прволигаш Рапид Букурешт што значи дека се врати во земјата каде работеше четири години, но како тренер. Во сезоната 2015/16 го водеше Динамо Букурешт, а потоа, од 2018 до 2021 година работеше како шеф на стручниот штаб на Крајова.
Рапид последната сезона ја заврши на петтото место по основниот дел, но и петтото место по плејофот во романското првенство. Романија бележи голема експанзија во кошарката, Клуж од оваа сезона игра во АБА лигата и е важен фактор во Еврокупот и работата во Рапид ќе биде голем предизвик за Тодоров.


