Иако и досега оствари историски успех и за Маџари и за македонската кошарка, најмладиот тренер во Суперлигата, Миодраг Тодоровиќ има шанса да испише нова славна страница и да собори еден голем рекорд.
Ако Маџари успее да направи уште една сензација и да ја освои шампионската титула, Тодоровиќ ќе стане најмлад тренер првак во историјата на македонското кошаркарско првенство. Тоа би го сторил со 28 години и 10 месеци, а ќе го собори рекордот кој во моментов неговиот противник во финалето – Васко Атанасов.

Струмичанецот пред три сезони стана најмлад тренер шампион на Македонија откако со МЗТ Скопје триумфираше со негови 29 години и еден месец. Тогаш тој го собори рекордот на Емил Рајковиќ од 2008 година.
Претстојното финале од плејофот во македонското кошаркарско првенство ќе биде историско по уште еден детаљ. На клупите на двете екипи, Маџари и МЗТ Скопје ќе бидат најмладите тренери во историјата кои заедно имаат 60 години. Интересно е тоа што до пред две години, Тодоровиќ му беше асистент на Атанасов, заедно освоија две шампионски титули во првенството, пред актуелниот тренер на Маџари да одлучи да си замине и првпат самостојно да поведе една екипа.


