По три сезони, Кевин Пантер дефинитивно си замина од Партизан каде во истиот период беше и капитен на тимот.
Информацијата ја потврди белградскиот клуб преку официјално соопштение, а својата кариера Пантер ќе ја продолжи во Барселона која и лани беше заинтересирана за него. Тогаш преговорите пропаднаа затоа што од Партизан доби уверување дека ќе биде доведен Никола Миротиќ што на крајот не се случи. Пантер потоа ја одигра најлошата сезона од доаѓањето во Белград, а сега, кога Партизан одлучи да го намали буџетот, му дозволи да си бара нова средина.
Пантер беше прво засилување во новата ера на Жељко Обрадовиќ, лани беше најзаслужен за титулата во АБА лигата, но и виновник што Партизан не се пласира на завршниот турнир од Евролигата затоа што падна на провокацијата на Серхио Љуљ на вториот меч од четвртфиналната серија со Реал по што дојде до тепачка, неколку играчи беа суспендирани и тоа му помогна на мадридскиот тим да победи на следните три меча и да отиде на Ф4.
Партизан вчера го потврди трансферот на Вања Маринковиќ, а во следниот период треба да сго дефинира тимот кој претстојната сезона ќе се обиде да ја симне Црвена Звезда од тронот во српската и регионалната кошарка и да оствари што подобар резултат во Евролигата.


