Легендарниот хрватски кошаркар Тони Кукоч претстојните денови ќе ги помине во Белград, а престојот во српската престолнина ќе го искористи за да биде специјален гостин на Партизан во дуелот со Олимпијакос.
Дуелот на двете екиои, во рамките на 32. коло од Евролигата е на програмата в четврток од 20:30 часот во белградската Арена, а мечот е важен и за Партизан и за Олимпијакос бидејќи едниот тим се бори за пласман во плејин, а другиот во плејаут. Присуството на Кукоч дополнителнмо ќе го зголеми спектаклот имајќи предвид дека се работи за легенда на европската и светска кошарка и играч кој во својата кариера освои три титули во Купот на европските шампиони и три во НБА.
Интересно е тоа што својот последен натпревар во рамките на југословенското првенство, Кукоч го одигра токму во Белград и токму против Партизан, во финалната серија од сезоната 1990/91, неколку месеци пред да почне војната во поранешна југославија. Партизан тогаш играше во салата која сега го носи името „Александар Николиќ“, а домашните навивачи со стоечки овации го поздравија Кукоч иако тој буквално го растури нивниот омилен тим.


