Големиот српски талент Никола Топиќ нема да мора да оди на операција по повредата на коленото во првиот меч од финалната серија на АБА лигата против Партизан, но тој повеќе нема да се појави на терените до крајот на оваа сезона.
Од денешните прегледи е утврдено дека освен повредата на медијалните лигаменти на коленото, има и истегнување на задната ложа, проблеми кои бараат мирување. Тоа не би требало да биде долго, можеби околу 15-20 дена, но јасно е дека нема да се појави на следните натпревари од финалето во АБА, а за да не ризикува, ни во плејофот од српското првенство.
Затоа, би требало се да биде во ред со Топиќ за активносите во пресрет на НБА драфтот кој ќе се одржи на 26 и 27 јуни во Бруклин. Планирано е да учествува на глобалниот камп на НБА лигата во Тревизо на почетокот на идниот месец, а потоа и да ги прикаже своите квалитети пред заинтерисираните НБА екипи.
Според проекциите, младиот српски репрезентативец треба да биде избран во топ-5 пикови на драфтот, а многумина го гледаат како потенцијален играч на Атланта или Сан Антонио.


