Бугарскиот репрезентативец Александар Везенков доби отказ од тимот на Торонто Репторс, речиси еден месец откако беше трејдуван во канадскиот тим од Сакраменто Кингс.
Со тоа се остварија најавите дека најдобриот бугарски кошаркар планира да ја напушти НБА и да се врати во Европа каде има богата понуда од Олимпијакос. Останува да поминат 48 часа до кога останатите НБА франшизи имаат можност да го изберат и ако не се случи тоа, да почне да ја планира својата иднина во Европа.
Олимпијакос, наводно, е подготвен да му даде петгодишен договор за вкупна сума од 20 милиони евра, заедно со бонуси. Првите три сезони се загарантирани, а останатите две, ако Олимпијакос и Везенков се задоволни од меѓусебната соработка.


