Тренерите на Панатинаиос и Валенсија, Ергин Атаман и Педро Мартинез беа исклучени за време на третиот натпревар од четвртфиналната серија во Евролигата.
Хаосот што се случуваше меѓу двајцата тренери веќе некое време, а во кој се вмеша и Димитрис Јанакопулос, претседател на Панатинаикос, ескалираше во третата четвртина од денешниот меч. Кон крајот на тој период, двајцата тренери влегоа во вербален конфликт близу до аут линијата, а на крајот судијата Дамир Јавор им го покажа патот до соблекувалната. Ниту таму не се смири ситуацијата, Атаман го нападна Мартинез, но на крајот Матијас Лесор беше принуден да го смири својот тренер.
Madre mía Ataman y Pedro Martínez
— Alhambasket (@Alhambasket) May 6, 2026
Muy bien en no sentarse en OAKA
Este es Valencia Basket!
Vaya partidazo tiene de todo @Paobcgr
🆚 @valenciabasket#paobc pic.twitter.com/AgppXP6Gkh
Којзнае колку пати Атаман бил вмешан во неверојатни ситуации, Турчинот е тренер што секогаш е во центарот на вниманието и кој постојано предизвикува хаос во Евролигата, но сега целосно претера. Мартинез реагираше на тоа што судиите го толерираат и им посочи дека до тој момент веќе требал да биде исклучен на што Атаман тотално збесна и тргна да се тепа со противничкиот тренер.
По десетминутна пауза, играта продолжи, а без тренерите на клупата подобро се снајде Валенсија која славеше и намали на 1-2 во серијата.


