По катастрофалниот старт на сезоната, искусниот Кајл Лаури свика состанок меѓу играчите и стручниот штаб со цел да се разговара за актуелната ситуација во Филаделфија 76.
Состанокот се претвори во препукување меѓу двете најголеми ѕвезди во тимот Тајрис Макси и Жоел Ембид. Според информациите во американските медиуми, иако двајцата се многу добри пријатели, Макси остро го предупредил центарот дека не е лошо барем еднаш да стигне во договореното време затоа што неговото доцнење влијае на остатокот од соблекувалната, од играчите до стручниот штаб.
Овие критики наишле на отпор кај Ембид, но на крајот тој ги прифатил за на крајот да го нападне тренерот Ник Нурс за тактиката која ја применува, велејќи дека некогаш не може да разбере што бара од него.
Филаделфија 76 е најголемо разочарување во досегашниот дел од сезоната. По 13 одиграни натпреварии има само две победи и се наоѓа на делба на последното место на табелата во Источната конференција.


