Актуелниот шампион на Шпанија, Реал ја комплетира катастрофалната сезона откако вечерва доживеа елиминација во чеетвртфиналето од плејофот во АЦБ лигата.
Кошаркарите на Тенерифе по вторпат го победија Реал во Мадрид во четвртфиналната серија, вечерва со 107-95 и приредија огромна сензација. Тоа беше уште еден болен пораз и тешка шлаканица за тимот на Серџо Скариоло во разочарувачката сезона, благо речено, во која завршија без ниту еден трофеј, откако го загубија финалето на Евролигата, а пред тоа, финалето на Купот на кралот и финалето на шпанскиот Суперкуп.
На крајот, од лидерската позиција во првенството пред плејофот, Реал е елиминиран од тимот што беше најниско пласиран.
Малкумина очекуваа таков исход од серијата која ќе се памти по тоа што ниедна од екипите не успеа да победи на домашен терен. Почна со брејк на Тенерифе, продолжи со рибрејк на Реал (118-83), а кулминацијата дојде вечерва во Мадрид – и беше шокантна за тимот на Скариоло. Најзаслужни за распадот на Мадрид се неверојатните ветерани и мајстори на оваа игра, легендарните Пети Милс (37) и Марселињо Уертас (43), но и одличниот Кевин Јебо кој одигра одлично.
Пред Тенерифе, во полуфиналето се пласираше и Валенсија (2-0 со Билбао), додека мајсторки се играат во дуелите Мурсија-Барселона и Хувентут-Басконија.


