Репрезентацијата на САД ја победи Канада со 86-72 во својот прв подготвителен натпревар за Олимписките игри во Париз, а својот прв настап за националниот тим на оваа земја го забележа Жоел Ембид.
Родениот Камерунец лани доби пасош на САД за да може да игра во Париз, но дебито за Американците не помина според неговите желби. Играше само 12 минути бидејќи за тој период направи пет лични грешки, а постигна пет поени со шут од игра 2/5, 6 скока и 4 загубени топки.
Сепак, ова беше само прв натпревар за Ембид кој уште не е навикнат на европскиот начин на игра. До Олимписките игри, САД ќе одиграат уште неколку дуели на кои центарот на Филаделфија ќе може да се навикне на стилот и на судиските критериуми.


