Селекторот на македонската репрезентација Александар Јончевски одлично го почна својот ангажман во најтрофејниот полски клуб Шлонск.
Кон крајот на минатата недела триумфираше во домашното првенство, а синоќа му ја донесе првата победа на тимот во Лигата на шампионите. Шлонск триумфираше на гостувањето кај Фалко во Унгарија со 74-67 и ја прекина серијата од четири порази во натпреварувањето на ФИБА.
За жал, тоа не беше доволно за полскиот тим бидејќи на првиот меч против овој ривал, на домашен терен, пред Јончевски да биде поставен за тренер, Шлонск загуби со девет разлика (75-84). До крајот на групната фаза има уште едно коло, Фалко е со бод повеќе (2/3), а во случај на ист биланс, унгарската екипа би имала предност и ќе го освои третото место.


