Откако лани ја освои титулата во домашното првенство како најмлад тренер во историјата на Првата лига, Васко Атанасов оваа сезона е на добар пат да го одбрани трофејот иако нема да биде лесно.
Основниот дел од првенството, неговиот МЗТ Скопје го заврши на првото место, со идентичен скор како Работнички, но со подобар биланс во меѓусебните дуели. Во меѓувреме, младиот струмичанец ги обедини трофеите во домашната кошарка со освојувањето на Купот и Суперкупот.

Во текот на сезоната, МЗТ Скопје под водство на Атанасов имаше само еден пад во формата и тоа на почетокот од 2024 година кога загуби од Пелистер и Работнички, но од првото до последното коло се наоѓаше на челната позиција на табелата.


