Можеби неверојатно звучи тоа што Денвер Нагетс го отпушти тренерот Мајк Мелоун на три натпревари пред крајот на основниот дел од сезоната, но може да се заклучи дека постоела добра причина за тоа.
Американските инсајдери информираат дека околу екипата, атмосферата била катастрофална, а за најголеми виновници за тоа ги сметал Мелоун и генералниот менаџер Калвин Бут. Наводно, тие двајца биле во ужасни односи, едвај разговарале и најголем губитник од тоа бил тимот кој од шампионската титула во 2023 година, тонеше се подлабоко. Меѓу другото, Мелоун и Бут имале различни планови и визии околу иднината на Денвер Нагетс и често влегувале во конфликт поради тоа. Една од темите за кои имале апсолутно спротивставени мислења е како би изгледал тимот во иднина бидејќи Бут инсистирал да се подмлади составот и да се избркаат сите искусни кошаркари, со исклучок на Јокиќ, додека Мелоун инсистирал да останат сите и да биде донесена уште една суперѕвезда со што би се создало јадро кое ќе биде способно да се бори за уште една титула.
Затоа, извршниот директор Џош Кренке кој е и ко-сопственик на франшизата заедно со неговиот татко Стен, одлучил да ги избрка двајцата и со тоа да ја спаси екипата која повеќе нема да биде заложник на нивните лоши односи.
На местото на Мелоун е поставен Дејвид Аделман кој досега работеше како асистент, додека генерален менаџер најверојатно ќе се бира по завршувањето на сезоната.


