Кошаркарската федерација на Македонија на денешната комеморација објави дека една индивидуална награда во иднина ќе го носи неговото име.
Се разбира, се работи за признанието за тренер на годината кое трационално се доделува при изборот на најдобрите за изминатата година, во организација на Федерацијата. Лечиќ е најпознатиот тренер од Македонија и логично е оваа награда да го понесе неговото име.
Иако кратко работеше во земјава по осамостојувањето на Македонија, Лечиќ постојано се трудеше да им помогне на младите тренери, а како што рече Зоран Гапиќ, неговите методи на работа ги користеле и врвните југословенски стручњаци.


